Меморијален состанок во чест на акад. Георги Д. Ефремов, се одржа на 15 декември 2014 година во МАНУ. По тој повод Претседателот на МАНУ акад. Владо Камбовски настапи со својот реферат Омаж за Ефремов, и акад. Момир Поленаковиќ со беседа Академик Ефремов – основач на молекуларната биологија во Македонија. Потоа започна проекцијата на документарниот филм „Филмски портрет на академик Георги Д. Ефремов.
Состанокот се реализираше во две сесии на кои беа презентирани 10 предавања од блиските соработници од земјата и странство и од ученици на акад. Георги Д. Ефремов: Проф Георги Петков, Бугарија; Проф. Ицко Јорговски; Скопје. Проф. Александар Димовски, Скопје; Проф. Зоран Поповски, Скопје; Проф. Дијана Плашеска Каранфилска, Скопје; д-р Лилјана Симјановска, Скопје; д-р Емилија Шукарова Стефановска, д-р Катарина Давалиева, д-р Светлана Кочева и м-р Катерина Поповска Јанковиќ.