НОВОСТИ


Состанок на Македонското здружение за хумана генетика (15 декември 2014)



           Во рамките на Меморијалниот состанок за делата на академик Георги Д. Ефремов, основоположникот на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија, при Македонската академија на науки и уметности, одржан на 15 декември  2014 година, се одржа и состанок на Македонското здружение за хумана генетика, со основна точка на дневниот ред:

1. Избор на ново претседателство на здружението.

По предлагање на членовите на Претседателството и нивно елаборирање, за членови на Претседателството на Македонското здружение за хумана генетика, едногласно беа избрани:

проф. д-р Дијана Плашеска Каранфилска, претседател

(ИЦГИБ „Георги Д. Ефремов“, МАНУ, Скопје)

 

проф. д-р Александар Димовски,  потпретседател

(Центар за биомолекуларни, фармацевтски анализи, Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје)

 

д-р Емилија Шукарова Стефановска, секретар

(ИЦГИБ „Георги Д. Ефремов“, МАНУ, Скопје)

 

проф. д-р Елена Шукарова-Ангеловска, член

(Клиника за детски болести, Медицински факултет, УКИМ, Скопје)

 

доц. д-р Александар Петличковски, член

(Институт за имунологија и хумана генетика, Медицински факултет, УКИМ, Скопје)




01
01
01
01
01
01