НОВОСТИ


Третата конференција за ретки болести во Југоисточна Европа(15 ноември 2014)



 Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, на 15 ноември 2014 година беше одржана  Третата конференција за ретки болести во Југоисточна Европа. Конференцијата ја отвори г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија. Во својот говор г-ѓа Иванова искажа силна заложба и поддршка на академската и професионалната заедница која се занимава со патологијата на ретките болести за тоа дека во нашата средина знаењата од оваа болест се усовршуваат со цел да се доближиме до современите европски текови, а исто така, и за да се подобри превенцијата, дијагностиката, третманот, рехабилитацијата и квалитетот на животот на овие лица. Конференцијата ја поздравија и акад. Момир Поленаковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ и д-р Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести од Скопје.

На конференцијата настапија истакнати предавачи од областа на ретките болести: Zvi Laron, Тел Авив, Израел, Martin Savage, Лондон, Велика Британија; Горазд Росоклија, Универзитет Колумбија, ЊуЈорк, САД; Татјана Зорчец Скопје; Christiane Zweier, Нирнберг, Германија; Timothy Cox, Кембриџ, Велика Британија; Вукашин Андриќ, Загреб, Хрватска; Јулијан Насков, Љубљана, Словенија; Владимир Лозановски, Хајделберг, Германија; Stephan Storch, Хамбург, Германија; Зоран Гучев, Скопје; Ацо Костовски, Скопје; Велибор Тасиќ,  Скопје и Весна Алексоска, Скопје.

Конференцијата беше посeтена од над 150 лекари од најразновидни специјалности, како и од други професионалци кои се занимаат со ретки болести (молекуларни биолози, биохемичари, психолози, дефектолози и др.), како и од преставници на организации на пациенти со ретки болести. На Конференцијата беше достапен материјалот од Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија.

Во заклучните зборови од В. Тасиќ, М. Поленаковиќ и З. Гучев авторите беа повикани своите трудови да ги отпечатат во ПРИЛОЗИ.

Учесниците на Конферецнијата беа повикани за постојан ангажман во решавање на тешките проблеми на ретките болести.

 




01
01
01
01
01
01
01
01
01
01