Во периодот од 20-22 март 2015 година во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа Редовен состанок на проектите “iMODE-CKD” и “BcMolMed” и работилница во рамките на “iMODE-CKD” проектот. Организатори на состанокот и работилницата беа Македонската академија на науките и уметностите, Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО) и во рамка на ФП 7 програмата “ Marie Curie Actions – Initial Training Networks”.
Состанокот го отворија Момир Поленаковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ, Гоце Спасовски, претседател на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО) и раководител - универзитет Скопје и Antonia Vlahou, главен раководител на проектот “iMODE-CKD”.
Во текот на првиот ден беше одржано пленарно предавање од страна на Катарина Давалиева, како претставник на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при МАНУ. Во рамките на состанокот се одржаа две предавања за комплементарни вештини од страна на Г. Спасовски, Скопје, Македонија и J. Schanstra од Тулуз, Франција.
Вториот ден беше посветен за работилницата на тема “Chronic Kidney Disease: Clinical Management issues” каде што настапија истакнати нефролози и научници од Македонија и Европа. Уводното предавање на тема “CKD: Questions that need to be answered and are not (or at least not entirely)” го одржа поранешниот претседател на Европското ренално здружение (ERA-EDTA) – R. Vanholder од Гент, Белгија. По него настапија A. Ortiz, Мадрид, Шпанија, О. Стојчева-Танева, Скопје, Македонија, D. Goumenos, Патра, Грција, J. Beige, Лајпциг, Германија, M. Klinger, Вроцлав, Полска, Г. Спасовски, Скопје, Македонија, J. Jankowski, Ахен, Германија, G. Capasso, Неапол, Италија, A. Schiller, Темишвар, Романија, R. Johnson, Илиноис, САД, F. Ferrario, Монца, Италија, I. Rychlík, Прага, Чешка.
Во текот на третиот ден, во рамките на состанокот, својата работа ја презентираа младите научници и докторанди учесници во проектите “iMODE-CKD” и “BcMolMed”.