Др Хана Коварова, раководител на лабараторија за применета протеомска анализа при Институтот за Физиологија и генетика на животни, при Академијата на науките на Република Чешка и Др Суреш Јиван Гадхер, Thermo Fisher Scientific, Life Science Solutions, Frederick, MD, USA на покана на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ – МАНУ, одржаа предавање на тема „ Challenges and Advances in Science and Medicine “. Др Хана Коварова зборуваше за клеточни терапии кај невролошките болести со посебен осврт на површинските и секреторните протеини. Др Суреш Јиван Гадхер зборуваше за потрагата по специфични биомаркери во биолошките течности кај различни болести. Предавањата се одржаа на 19 мај 2015 г. со почеток во 12 часот, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите.