14-от Балкански конгрес за хумана генетика и 9-от Состанок за ретки болести на Југо-источна Европа, организирани од Македонското здружение за хумана генетика (МЗХГ) и Македонското здружение за ретки болести (МЗРБ), а подржана од Здруженијата на пациенти за ретки болести од нашата земја. Конференцијата е насловена „Генетски болести – од дијагностика до превенција и терапија“ и е посветена на пациентите со наследни, а посебно на тие со ретки болести.
Настанот ќе се одржи од 5-ти до 7-ми октомври 2023 година во Хотел Хилтон, Скопје
На настанот ќе земат активно учество повеќе од 200 научни и здравствени работници од сите Балкански земји, и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора. Покрај поканетите предавачи од Балканските земји, на настанот предавања ќе одржат и еминентни експерти од областа на хуманата генетика и ретките болести од Австрија, Белгија, Италија, Канада и Холандија.