НОВОСТИ


Унапредување на капацитетот на националниот центар за геномика и протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина



Со цел за  унапредување на капацитетите за истражувањата во областа на персонализираната медицина во ИЦГИБ-МАНУ, унапредување и проширување на дијагностика базирана на НГС секвенционирање,  како и поширока примена на овие сознанија во секојдневната клиничка пракса, особено во областа на молекуларната онкологија, ИЦГИБ-МАНУ, 2021 година учествува на Конкурсот објавен од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија со предлог за обновување на опремата на ИЦГИБ-МАНУ, која вклучуваше набавка на нов НГС апарат, апарат за автоматска подготовка на НГС анализи (роботска станица), автоматски генетски анализатор, апарат за реал-тиме ПЦР и апарат за droplet дигитален ПЦР Предлогот е прифатен и целосно реализиран во наредниот двогодишен период.

Завршниот извештај во кој се наведени целите и резултатите од овој проект се достапни тука