НОВОСТИ


Спроведување на анализи со Новите секвенционирачки технологии, панел на гени и целосно егзомно секвенционирање кај пациенти со ретки наследни состојби и наследни карциноми



Анализите НГС секвенционирање на панел на гени во ИЦГИБ, МАНУ како и целосно егзомно секвенционирање кај пациенти со ретки наследни состојби и наследни карциноми се спроведуваат активно од 2023 година.  Овие анализи се внесени на фондовската листа 2019 година и се спроведуваат согласно Договорот со фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.