НОВОСТИ


Меѓународните нефролошки денови во чест на 75 години од раѓањето на акад. Момир Поленаковиќ и 50 години научна работа (26 и 27 септември 2014)



 На 26 и 27 септември 2014 година во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржаа Меѓународните нефролошки денови во чест на 75 години од раѓањето на акад. Момир Поленаковиќ и 50 години научна работа. Организатори на состанокот беа Македонската академија на науките и уметностите и Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО). Во рамките на состанокот се одржаа и VII македонско-хрватски нефролошки состанок, во организација на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи и Хрватското здружение за нефрологија, дијализа и трансплантација на Хрватското лекарско друштво. Исто така, во рамките на Меѓународните нефролошки денови се одржа и Курс за континуирана медицинска едукација на Европското ренално здружение (ERA-EDTA) организиран од Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО) во соработка со ЕРА-ЕДТА.На Деновите настапија истакнати академици, научни работници и нефролози од Република Македонија и од Европа. На 26 септември 2014 година настапија: В. Камбовски, претседател на МАНУ со беседа за Животот и делото на акад. Момир Поленаковиќ и В. Серафимоски, секретар на Одделението за медицински науки при МАНУ со Придонесот на акад. Момир Поленаковиќ за развојот на нефрологијата во Република Македонија. Потоа настапија и C. Wagner, Zurich, Switzerland, А. С. Галабов, Софија (Бугарска акдемија на науките), Бугарија, Д. Тончева, Софија, Бугарија, В. Стефановиќ, Ниш (Српска академија на науките и уметностите), Србија, H. Polenakovik, Dayton, USA.

Во рамките на Деновите се одржа и VII македонско-хрватски нефролошки состанок, каде своите трудови ги презентираа:  I. Mikolašević, Zagreb, Croatia, I. Jurić, Zagreb, Croatia, N. Eftimovska-Otovic, Skopje, Republic of Macedonia, I. Prkačin, Zagreb, Croatia, M. Mojsova-Mijovska, Skopje, Republic of Macedonia, I. Rambabova-Busljetic, Skopje, Republic of Macedonia




01
01
01
01
01
01
01
01